Поврзи се со нас

Вести

По 24 лева на ден за работниците во Бугарија како антикризна мерка

Објавено

на

Под мотото „подобро доцна отколку никогаш“, Република Бугарија, која е членка на Европската унија, од 27 ноември е во таканаречен „мек локдаун“ со цел заштита на населението од ширењето на корона вирусот. Каде одредени економски оператори имаат целосна забрана за работа.

По започнатата блокада во саботата, во понеделникот бугарската влада ја официјализира и започнаа со реализација на мерката „Чувај ме“ која треба да ја сочува економијата во овој период, наменета за компаниите кои се директно погодени, односно работодавачите кои престанаа со работа на 29 октомври 2020 година.

– Повеќето луѓе кои се оставени без приход поради мерките против коронавирусот ќе имаат право на дневен додаток од 24 лева (750 денари), објави вчера министерката за социјални работи на Бугарија, Деница Сачева.

Таа рече дека доста напори се вложени во анализи и селекцијата на дејностите и дека листата е максимално исполнета опфаќајќи ги сите затворени деловни активности, чии работници можат да добиваат до 24 лева за ден како надомест од државата заради тоа што се на неплатен одмор.

Работодавачите кои престанаа со работа на 29 октомври 2020 година, можат да бараат средства за своите вработени најмногу до 60 дена.

Такви се сопствениците на барови, таверни, винарии, пиварници, кафулиња, јазични и едукативни центри, други центри за обука и училишта, како и компании кои организираат јавни настани, семинари, натпревари, обуки, градење тимови, изложби и други. Измените ги вклучуваат и вработените во сали за игри на среќа и казина, како и во фризерски и козметички салони, перални, работилници за шиење и хемиско чистење, лоцирани во трговски центри.

Мерката не ги опфаќа продавниците за храна, аптеки, оптичари и продавници за миленичиња, кои смеат да продолжат со работа.

Персоналот на приватни градинки, кина, дискотеки, пијано и ноќни барови и ноќни клубови. Клубови за забава во затворен простор исто така може да поднесат барање за надомест на штета. Исто така, имаат право оние што се вработени во евент индустријата поврзани со концерти, создавање и презентација на настапи во живо, како што се опери, оперети, циркуси и други сценски дела, режисери, продуценти, сценографи, дизајнери на костуми и осветлување, технички специјалисти, музејски работници, како и и во сектори поврзани со сите колективни и индивидуални спортски настани од тренинг и натпреварувачки карактер и оние кои работат во солариуми, сауни, фитнес и салони за масажа.

Вработените кои се пријавени на полно работно време имаат право на компензација од 24 лева за секој ден на неплатено отсуство. Ако работникот е вработен со скратено работно време, средствата се пресметуваат пропорционално на часовите запишани во договорот за вработување.

Сите работодавци кои аплицираат за мерката „Чувај ме“ ќе мора да ги чуваат работниците за кои сакаат да финансираат од државата сè додека трае помошта од државата, средствата ќе бидат исплатени директно на сметките од работниците.

Агенцијата за вработување има рок од 10 дена да ги обработи примените пријави, по што парите ќе бидат префрлени на сметките на вработените во рок од пет дена.

Во Бугарија од почетокот на пандемијата потврдени се 145.300 случаи на корона, а активни до денес се 90.700.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена