Поврзи се со нас

Гостивар

По 3 тони кислород дневно за ковид пациенти троши болницата во Гостивар

Објавено

на

Секојдневно високи бројки на новозаразени со коронавирус, преполни болнички капацитети, значителен број смртни случаи. Состојбата со ковид во Гостивар не се смирува. На инфективното, интерното и нервното одделение, како и во модуларната болница хоспитализирани се 108 пациенти, од кои 68 се ставени на кислородна поддршка.

Освен бројките на нови позитивни и болнички згрижени пациенти, рекордна е и потрошувачката на кислород за третман на пациените.  Се трошат до 3 тони на дневна основа.

„Централниот довод има капацитет од околу 2 тона, но последните денови сме приморани да го засилиме, и се организираме да обезбедиме плус од 80 до 100 кислородни боци. Што значи дека вкупно дневно се трошат по околу 3 тони кислород. Успеваме да го обезбедиме тоа количество, потрошувачката навистина е многу голема, но важно е пациентите да бидат снабдени со кислород и ние тоа го правиме на најдобар можен начин. Снабдувачот ни стои на располагање во било кое време, во недела, сред ноќ, така што секогаш сме доволно снабдени со кислород и системот функционира 24 часа.“, изјави директорот на болницата во Гостивар д-р Јакуп Јакупи.

Доколку растечкиот тренд на хоспитализации продолжи, и има потреба, заболени од Гостивар ќе се препраќаат во болници во други градови, за што веќе се прават координации. „Од вчера контактиравме со министерот за здравство и со директорите во болниците во Струга, Охрид, Прилеп и Битола со молба, да излезат во пресрет ако во случај има потреба да сместиме пациент во критична состојба кој не можеме да го згрижиме ние. Добивме согласност дека со најава ќе може да ги препратиме таму пациентите. Со транспорт сме организирани.“, вели директорот.

За една недела во Гостивар потврдени се 988 новоинфицирани со коронавирусот, а починале 21 пациент. Како оздравени се евидентирани 230 граѓани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 14 минути

И сонце и врнежи во деновите од новата работна недела

Здравје и убавинапред 13 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 18 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 20 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 22 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 23 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 2 дена

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена