Гостивар
По 4–5 каснувања од змија во Гостивар сезонски, што се прави при ваков случај?

Од рана пролет до касна есен е најкритичен период кога се во прашање случаите на каснување од змии, како и од инсекти. Опасности и ризици има наоколу во шумите, излетничките места, на нивите…На гостиварско подрачје сезонски по неколку граѓани се обраќаат за лекарска помош поради каснување од змија.
„Секоја година имаме по 4 до 5 пацинети кои доаѓале за помош поради каснување од змија. Секоја укасаница од земија ја препознаваме по тоа што на самото место видливи се отисоци од два заба, кои не крварат. По каснувањето местото се зацрвенува, а после тоа помодрува, од самиот отров и секако има болка. Најчесто укасаниците се на рацете или нозете. Доколку некој биде каснат од змија треба што побрзо да се пренесе во болница, кадешто соодветно ќе се третира со серум противотров. Но, додека да стигне до болница најбитно е да не се чепка раната, пожелно е да се врзе со нешто стерилно и да се стегне над местото на каснување, да се спречи отровот да се шири низ телото.“, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.
Советот од лекарите е и лицето кое е каснато од змија да не се движи, колку што е можно, и да му се даваат што повеќе течности. „Самото движење на раката и ногата предизвикува побрзо ширење на отровот во организмот“, вели д-р Наумоски.
Медицински, каснатите од змија се третираат веднаш со антиботик, антихистаминик, антитетанус и серум против змискиот отров.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022