Гостивар
По 5.000 до 10.000 евра за невработени кои сакаат свој бизнис, аплицирање од денес

Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Една од мерките е Самовработување со грант, која беше и најпривлечна за невработените во изминатите години.
Мерката обезбедува: – ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ; – неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.
Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица поради корона вирус-мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување кои влегуваат во потенцијални повратници во иднина во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп)
Аплицирањето е до 15 април, а заинтересираните треба да се обратат во Центарот за вработување.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022