Поврзи се со нас

Македонија

По 500 евра грантови за мултиетнички проекти во училишта

Објавено

на

Седумдесет и девет грантови од по 30.000 денари, односно вкупно околу 2,4 милиони денари,  МОН им додели во тековната 2024/2025 година на 130 основни и средни училишта во државава за поддршка на активности кои ќе го унапредат мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека успешно е заокружен јавниот повик за предлог активности кој МОН го објави во октомври 2024, а за  доделените 79 грантови одлучила комисија за рангирање и избор.

Како што рече, тоа се активности кои ги поврзуваат учениците од различни етнички, културни и религиозни заедници насочувајќи ги кон меѓусебна почит, разбирање, соработка и градење хармонична училишна средина.

-Оваа поддршка е, всушност, законска обврска и дел од образовните политики и стратегии на Министерството насочени кон обезбедување рамноправен пристап до квалитетно образование за сите ученици. Младите треба да знаат дека разликите по која било основа не се бариери туку, напротив, мотив за зближување, за развивање емпатија и градење силно општество. Тоа е единствениот пат по кој тие треба да се движат и тоа е мојата силна порака до нив, истакна Јаневска на прес-конференцијата на која присуствуваа и неколку директори на училишта што добиле грант.

Како што рече, лично смета дека грант од 30.000 денари е недоволна поддршка, но такво било законското решение во моментот на објавување на повикот. Соопшти дека за наредната учебна година, грантот ќе биде тројно повисок и ќе изнесува две и пол просечни нето плати односно речиси 90.000 денари. Конкурсот ќе биде објавен во последниот квартал од оваа година.

-Ова го уредивме со измените на Законот за основно образование, а ќе биде уредено и со новиот Закон за средно образование кој веќе е во собраниска процедура и очекувам многу брзо да биде донесен. Не се ни ова премногу средства, но во моментов државата толку може да обезбеди. Во иднина, секогаш кога ќе имаме можности за овие цели, за комплетна интеграција на младите луѓе, секогаш ќе се одвојуваат повеќе средства, додаде министерката.

Посочи дека учениците треба да учат заедно и да нема нивна поделба и оти тоа се очекува со планот за едносменска настава.

-Мојот личен став е дека уште од градинки и од прво одделение децата треба да бидат во мултиетнички паралелки. Но, процесот не е лесен. Едносменската работа ќе обезбеди она што порано го имавме – во една смена да бидат паралелките од различни етнички заедници. Поради случувањата во минатото и поради агресивното однесување на дел од учениците, пристапивме кон подвојување. Но сега е дојдено време кога треба да се вратиме на она што е нормално, а нормално е да бидат и да живеат заедно и да се разбираат. Да се познаваат, да се препознаваат како различности, но да се почитуваат како еднакви. Затоа правиме вакви напори… Според мене, тоа треба да е цел на целото општество и колку побрзо се спроведе, толку подобро ќе биде за сите нас односно на нашата држава, рече Јаневска.

Дел од раководителите на училиштата на прес-конференција соопштија што планираат со добиениот грант и искажаа задоволство од ефектите што ги постигнале со вакви проекти во минатите години. Меѓу актовностите што ги предложиле се излет со ученици од друга етничка заедница од друго училиште, меѓусебно запознавање на обичаи и верски празници, ликовни и литературни конкурси итн.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 28 минути

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 1 час

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 4 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 5 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 6 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 8 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена