Гостивар
По 90-тина невработени месечно „паѓаат“ од евиденцијата на Центарот во Гостивар

Невработени лица во Гостивар, кои се регистрирани како активни баратели на работа, се бришат од евиденцијата на Центарот, поради нередовно пријавување. Тие имаат обврска, секој месец лично да се појават во институцијата со својот евиденциски картон за да им се ажурира статусот, но многумина не си ја исполнуваат. Таквите автоматски „паѓаат“ од листата и го губат правото на пријавување во период од една година.
„Тие што се активни баратели на работа мора да се пријавуваат секој месец лично. Ако не се појават добиваат забрана од една година. Може да кажеме дека имаме многу такви случаи кои не се пријавуваат, месечно од 90 па до 100 и сите го губат правото. Секој што е заинтересиран за вработување треба да знае дека има обврска да се пријавува, апелираме до невработените тоа го прават редовно и навреме“, кажа Вотим Емшиу, раководител на гостиварскиот Центар за вработување.
За разлика од активните баратели на работа, останатите пријавувањето го вршат на секои шест месеци.
Според податоците од институцијата во трите општини што ги покрива: Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше регистрирани се 9.880 невработени лица. Над 6.000 се со основно или без образование, педесетина се магистри на науки и еден доктор на науки.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!