Поврзи се со нас

Спорт

По две децении без шпански тимови на Ф4 – Евролигата 2025 завршува во Абу Даби

Објавено

на

    Познати се четирите учесници на завршниот турнир за сезоната 2024/25 ќе се одржи од 23 до 25 мај во „Етихад Арена“ во Абу Даби. По 21 година континуитет, ниту еден шпански тим нема да игра на фајнал-фор на Евролигата.

    За шампионската титула ќе се борат четири екипи: Фенербахче (Турција), Олимпијакос и Панатинаикос (Грција) и Монако (Франција). Во полуфиналните натпревари на 23 мај се среќаваат Олимпијакос – Монако и Панатинаикос – Фенербахче, додека големото финале е закажано за 25 мај.

    Барселона беше елиминирана од Монако со 3:2 во четвртфиналната серија, а Реал Мадрид загуби од Олимпијакос со 3:1. Басконија не стигна до плејофот, што значи дека за првпат од 2004 година, ниту еден шпански клуб нема да биде дел од „големата четворка“. Последниот фајнал-фор без Шпанци се одигра во Тел Авив, кога Макаби ја освои титулата победувајќи го Скипер Болоња во финалето.

    Овогодинешниот настан ќе се игра во капацитетната и модерна Етихад Арена, која прима до 18.000 гледачи, а организаторите очекуваат глобален интерес и нов импулс за популаризација на кошарката на Блискиот Исток.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена