Поврзи се со нас

Гостивар

По две паузи за консултации гостиварскиот Совет едногласно го усвои ребалансот на буџетот

Објавено

на

Со 29 гласа ЗА, без против и воздржани, и без многу дискусија, Советот на Општина Гостивар, денес го изгласа ребалансот на буџетот за 2019-та година. Како што објаснија од Секторот за финансии, во ребалансот има измени, дополнувања и проширувања во повеќе програми и потпрограми, односно одземања на средстава кадешто не се реализирани, и нема да се реализираат до крајот на годината, и додавање кадешто се јавува потреба. Одредени измени има и делот на капиталните трошоци.

„Имаме измени и во делот на капиталните трошоци, на пример за купување на основно средство камион за потребите на јавните претпријатија, преку грант од Светска банка и таа измена е потребна да се направи, затоа што не сме имале таква позиција во таа колона. “, рече Садри Елези од општинскиот сектор за финансии и буџет.

Усвојувањето на ребалансот, дојде по две паузи кои беа побарани за консултации и без присуство на двајцата советници на НДП.

На седницата беше усвоена и промената на Статутот на Општина Гостивар, каде зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со „Република Северна Македонија“. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бараше изземање на оваа точка на дневниот ред, но нивниот предлог не беше прифатен, по што промената се усвои со 25 гласа ЗА и три гласа (ВМРО-ДПМНЕ) ПРОТИВ.

Седницата, на чиј дневен ред беа над 70 точки, по изгасувањето на првите три точки беше прекината, со образложение дека дел од советниците имале неодложни обврски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена