Македонија
По интернет се шират лажни наградни игри, не давајте лични податоци!

МВР ги предупредува граѓаните дека, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период евидентирал зголемен број на лажни наградни игри на интернет, каде што со користење на социјалните мрежи, особено Facebook, се отвараат лажни профили на правни лица (компании) од нашата земја, а со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.
Со отворањето на лажни профили именувани како некоја позната компанија од земјата, со користење на нивните логоа и брендови, се прават објави дека поради одреден повод (роденден на компанијата и сл.) се организира наградна игра, со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и сл. Во објавите се бара од граѓаните доколку сакаат да учествуваат во овие (лажни) наградни игри, да стиснат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „Учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра.
Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда и за подигање на истата потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните за постоењето на ризици од можни злоупотреби на личните податоци преку интернет. „Исклучително важно е граѓаните да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот. Во оваа конкретна ситуација, апелираме граѓаните, да се осигураат за веродостојноста на наградната игра, затоа што нивните лични податоци може да бидат искористени при извршување на други видови кривични дела, и на тој начин да бидат соочени со несакани негативни последици.“, предупредува МВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар