fbpx
Поврзи се со нас

Занимливости

По избор на патниците: Овие се најдобрите хотели во светот за 2020 година

Корисниците на TripAdvisor ги избраа најдобрите хотели во светот за 2020 година. Повеќето хотели на листата се од азиски и јужноамерикански земји, а само неколку од нив се наоѓаат во Европа.

Титулата најдобар хотел во светот му беше доделена на Viroth’su, кој се наоѓа во центарот на Сием Рип во Камбоџа. Неговото уредување е инспирирано од 1950-тите и е опкружено со многу зеленило и вертикални градини.

Вклучува 35 соби, базен од 20 метри , спа центар, теретана, ресторан, бар на отворено и многу други удобности

Топ 10 хотели во светот според TripAdvisor патници за 2020 година
1. Viroth’s Hotel, Сеим Рип, Камбоџа
2. Hanoi La Siesta Hotel & Spa, Ханои, Виетнам
3. Tulemar Bngalows & Villas, Manuel Antonio, Костарика
4. Quinta Jardins do Lago, Фуншал, Португалија
5. The Omnia, Зермат, Швајцарија
6. The Upper House, Хонг Конг
7. Valle D’incanto Midscale Hotel, Грамадо, Бразил
8. Grand Velas Los Cabos, San Jose Del Cabo, Мексико
9. Constance Prince Maurice, Ponte de Flacq, Маурициус
10. Raffles Dubai, Обединети Арапски Емирати

Титулата најдобар луксузен хотел на светот му припадна на Baros Maldives на истоимениот остров на Малдиви , за кој многу гости тврдат дека е вистински рај на Земјата.

Со поглед на плитка лагуна и магичен корален гребен, Барос Малдиви е опкружен со егзотични растенија и прекрасна плажа. Скриен е од погледите и идеален за романтични патувања за двајца.

10-те најдобри луксузни хотели во светот според патниците на „TripAdvisor“ за 2020 година:
1. Baros Maldives, Малдиви
2.  The Omnia, Зермат, Швајцарија
3. Quinta Jardins do Lago, Фуншал, Португалија
4. La Siesta Hoi An Resort & Spa, Хои Ан, Виетнам
5. Nayara Springs Relais & Chateaux, La Fortuna de Sun Carlos, Костарика
6. Ikos Olivia, Геракини, Greece
7. The Upper House, Хонк Конг
8. Th Oberoi Rajvilas, Џајпур, Индија
9 Grand Velas Los Cabos, San Jose del Cabo, Мексико
10. Ikos Dassia, Дасиа, Грција

Корисниците на TripAdvisor ги избраа најдобриот кревет и појадок, т.н. Bed & Breakfaste. Титулата најдобар за втор пат по ред беше доделена на местото „The 25“, сместено во Торки, Велика Британија.

Ваквиот тип на сместување наменето само за оние над 18 години. Просториите се опремени со најсовремени тушеви, незамагливи огледала во бања, осветлување што се менува според вашето расположение и други удобности.

10-те најдобри B&B-а во светот според патниците на TripAdvisor за 2020 година:

1. 25 Boutique B&B, Торки, Велика Британија
2. Huis Koning, Бриж, Белгија
3. Americus Garden Inn Bed & Breakfast, САД
4. QuodLibet, Рим, Италија
5. Post House Inn, Канада
6. The Arthington, Blackpool, Велика Британија
7. The Welsh Hills Inn, Гранвил, САД
8. Pousada Casa Campestre, Бразил
9. Casa Sirena Hotel, Мексико
10. Riverside B&B, Ambleside, Велика Британија

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Кој ќе ја состави новата Влада?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!