Поврзи се со нас

Македонија

По јакиот земјотрес вчеравечер во Грција имало уште 7 послаби потреси

Објавено

на

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека вчеравечер регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.
Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на РС Македонија и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала. Во централниот дел од земјава беше почувствуван со интензитет од IV степени, а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени.Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови. Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема.

Тресењето на станбените објекти проследено со силен звук ги принуди жителите да ги напуштат домовите. Некои се во своите возила на паркинзите, а дел велат дека ноќта ќе ја минат под отворено небо.

По првиот најсилен земјотрес, до полноќ почувствувани се уште неколку послаби. Четириесет и пет минути по првиот потрес интернетот и мобилните телефони во Битолско не функционираа и беа во прекин.

Како што јави дописничката на МИА од Грција, според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на грчко-македонската граница, шест километри северозападно од градот Лерин.

За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Според досегашните податоци, овие земјотреси освен вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 недели

Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6

Гостиварпред 2 недели

Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец

Гостиварпред 2 недели

Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин

Гостиварпред 3 недели

Физички напади во рибинк и на улица во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 недели

Пријавен физички напад во Фазанерија

Гостиварпред 2 недели

Акција за уредување околу спомен-плочата на загинатите градители на ХЕС Маврово во Торбешки мост

Гостиварпред 4 недели

Гостиварецот Владо Глигоровски со „Аманет ви оставам“ настапи на јубилејниот „Гоце Фест“

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена