Вести
По пандемијата заживува албанскиот туризам, недостигаат работници

Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.
Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.
-Сметам дека двете години од пандемијата треба да се исклучат како компаративна основа, бидејќи секоја споредба со нив би резултирала со галопирачки стапки, смета претседателот на Здружението на тур-оператори, Бесник Вати.
Сепак, додава, оваа година има раст, дури и во споредба со најдобрата година како што беше 2019 година, овој раст е 15 до 20 отсто. -Посебната карактеристика на оваа година е што меѓународниот аеродром во Тирана нуди повеќе можности за летови, особено со пристигнувањето на нискобуџетната авиокомпанија, која додаде 47 директни дестинации од Тирана. И годинава има повеќе туристи од земјите од Блискиот Исток, нагласува тој.
Според него се предвидуваше дека по пандемијата ќе има огромна експлозија на туризмот на глобално ниво, но војната во Украина има силно влијание врз тоа.
-Но, зголемените цени ја запреа таа експлозија. Ако се надевавме дека експлозијата ќе оди некаде помеѓу 30-33 отсто во однос на 2019 година, оваа година верувам дека ќе оди 15-20 отсто, а главниот фактор е војната, оценува Вати.
Посочува дека најголемиот проблем со кој се соочува туризмот во Албанија е недостигот од работници
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022