Вести Гостивар
По петти пат голема прослава на празникот Преображение во Гостивар

Во манастирот во изградба „Св. Преображение“ во гостиварската населба Циглана, по петти пат со голем црковно-народен собир беше прославен денешниот христијански празник Преображение Христово.
Манастирот собра голем број верници од Гостивар и околината, а чинот на водосвет, прережување на славските погачи и осветување на грозјето го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, со свештениците од гостиварското архиерејско намесништво.
„Секоја година се собираме на ова свето место за сите нас. Од година на година, полека но, сигурно напредува градбата, сепак е голема градба и треба време и трпение да се изгради вакво прекрасно дело во слава на Бога. Нека е среќен празникот и честито кумство на овогодишните кумови, нека Господ бог ги благослови нив и нивните семејства“, рече во своето обраќање г.Јосиф.
Годинешни кумови на славата беа семејствата на Миле Петрески, Саше Димоски, Дејан Крајчески, Менка Билбилоска, Роза Ристеска, Александар Брезовски и Никола Данилоски.
Иницијативниот одбор за изградба на манастирот „Свето Преображение“ во Гостивар упати честитика до верниците по повод празникот и благодарност до сите донатори и помагатели за поддршката и изразија голема благодарност до Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф за поддршката која ја добиваат во изградбата на манастирот.
„Во име на Иницијативниот одбор им се заблагодарувме на сите граѓани, донатори кои ни помагаат во изградбата, ги покануваме на овој празник да не` посетат и сите со заеднички сили да придонесеме да се заврши изградбата на ова свето за целиот народ на Македонија“, изјави Димче Димитријески.
Владиката денес изврши и осветување на нова икона дрворез, на која е претставено Христовото преображение.
Преображение по својата смисла и значење е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, односно покажување на неговата божественост пред своите најблиски ученици на Таворска Гора, кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.
Традициите налагаат на Преображение за прв пат да се јаде грозје, откако свештеникот ќе го благослови во знак на благодарност кон Бог за дадените плодови на земјата.
Во чест на празникот утрово во соборниот храм „Пресвета Богородица” во Гостивар беше отслужена божествена литургија со која чиноначлствуваше Владиката г.Јосиф.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022