Гостивар
По реакциите на граѓаните за нечистење на ѓубрето во Гостивар, Комуналец со интензивни акции

Гостиварци изминатиот период секојдневно реагираат на преполни контејнери и насобрано ѓубре околу нив од каде се шири и непријатна миризба. Реакциите доаѓаат речиси од сите делови на Гостивар, но особено се нагласени оние од периферните населби како Малеарди, Дутлок и други, во кои се споделува дека подолго време отпадот стои и само се натрупува.
Според надлежните во ЈП „Комуналец“ , застојот во празнењето на контејнерите и расчистување на отпадот е последица на недостигот на камиони за подигнување и транспорт, но се преземаат мерки за надминување на проблемот.
„Од понеделникот екипите се на терен постојано и интензивно се работи на чистење. Застојот бил поради тоа што со еден камион не може да се постигне, но сега се вклучија доброволци, механизација за помош и акциите се веќе интензивни. За околу една недела верувам дека состојбата ќе се стабилизира“, изјави директорот на претпријатието Зијадин Нуредини.
Според него, за да може да ја одржува хигиената во Гостивар на добро ниво на „Комуналец“ му се потребни уште неколку специјализирани возила и контејнери.
„Планираме да изнајмиме уште 3-4 камиони и да се набават плус 100 контејнери кои ќе бидат распоредени на различни локации, затоа што сегашните не се доволни“, вели Нуредини нагласувајќи дека екипите остануваат да чистат по 24 часа за да се нормализира состојбата.
„Комуналец“ денес чистеше во дворот на ОУ „Гоце Делчев“, а според најавите утре ќе се преземе акција во Дутлок.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести