Поврзи се со нас

Вести

По што Гостивар ќе ја памети 2016-та?

Објавено

на

Во првите денови од 2017-та година, сакаме со вас да ги споделиме најинтересните, најважните и највпечатливите настани, моменти и состојби што ја одбележаа минатата година на гостиварското подрачје. 365 дена се доволно време за да се случат и добри и лоши работи. А животот е таков, има светли и црни денови. Нашиот пресек на 2016-та го потврдува тоа.

-Предвремените парламентарни избори беа неизбежен дел од нашите животи. Избори не ни бегаат ни оваа година, некому за среќа, некому за жал

-Во 2016-та на подрачјето на Гостивар беа регистрирани два нови случаи на заразени од ХИВ. Тоа беа првите случаи на заболени што се евидентираа во гостиварско после пет години.

-Во областа на образованието и лани во гостиварскиот регион продолжи трендот  на опаѓање на бројот на ученици. Намалување се бележи и кај првоодделенци и во средните школи.

-Во болницата во Гостивар лани за прва пат после десет години, мајка роди тројка.

-Во однос на инфраструктурните проекти, минатата година секако ќе се запамети по отпочнување на работите за изградба на новиот мост на Вардар што ќе ги спои двете страни на градот. Ќе носи име-Мост на демократијата и ќе има четири коловозни ленти.

-Лани конечно беше завршена изградбата на спортската сала во гимназијата, објектот кој се градеше цела деценија. Средношколците пак од медицинското училиште добија спортско игралиште во дворот, додека во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ започна целосна реконструкција и доградување на училишната зграда.

Покрај многуте индивидуални успеси на гостиварци во своите спортски кариери, Гостивар во 2016 имаше и двајца  претставници на Европското првенство во фудбал во Франција Адмир Мехмеди и Шкодран Мустафи. Уште вредно е да се спомене одличниот старт на сезоната, фантастичната победничка серија на КК Гостивар 2015 од 8 натпревари без пораз и зацврстувањето на првото место во втората кошаркарска лига.

-2016-та помина со богата културна понуда: манифестации, поетски фестивал на ниво, изложби, промоции, драмски претстави.

-Лани се актуелизираше и еден долгогодишен проблем на Гостивар и на целиот Полог. Депонирањето на сметот во депонијата Русино. Жителите од повеќе населени места од гостиварско организираа и блокади на камионите за транспорт, но крајниот исход не донесе некои поголеми промени. Очигледно, со депонијата ќе си имаме работа и во 2017-та.

-Дождливото време и деновите со силен ветер секако влегуваат како белег на минатата година. За среќа, освен помали штети, не беа регистрирани посериозни последици.

– Православните верници лани имаа невообичаена можност да бидат дел од богослужба со тројца владици во Храмот Успение на пресвета Богородица во Гостивар.  Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион во сослужение на тетовско-гостиварскиот Митрополит г. Јосиф и Митрополитот кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Секако, настан за одбележување и за паметење.

– Уште нешто што Гостивар не смее да го заборави се хероите Ненад Серафимоски и Горан Илиески Мече. Минатата година во спомен на трагично загинатите бранители се организираше меморијален турнир во фудбал. Иницијативата на ваков начин да им се одаде почит  ја покренаа нивните другари со порака „Хероите живеат вечно“.

-Гостивар во 2016-та преживеа црн август. За само неколку дена животите ги загубија тројца млади гостиварци во одделни несреќи и случаи. Посакуваме ни оддалеку да не се повтори.

-И во однос на сообраќајот годината што измина не може да се оцени позитивно. Бележевме зголемен број на сообраќајни несреќи со жртви и со тешко повредени.

-Во навраќањето на 2016-та година свое место имаат и хуманите и топли иницијативи што ги покренуваат гостиварци. Ннеколку млади луѓе се организираа и дејствуваат во група Хуманост пред се`. Собираат донации во храна, лекови, облека и парични средства и им помагаат на сиромашни семејства. Други хумани граѓани на Гостивар спроведуваа акции за донации во Дневниот Центар за децата со посебни потреби. Нека бидат пример за сите останати, па да ги има што повеќе.

И секако 2016-та е година на раѓањето на единствениот градски информатор Gostivarpress.mk. Остануваме посветени на информациите и случувањата во регионот на Гостивар заедно со вас и во оваа нова година.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена