Поврзи се со нас

Македонија

Почина академик Луан Старова

Објавено

на

На 80 годишна возраст денеска почина академик Луан Старова, објави вечерва неговото семејство на „Фејсбук“.

– Со голема болка ве известуваме дека денеска почина нашиот татко, дедо и сопруг Луан Старова, се наведува во објавата од семејството Старова.

Академик Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година.

Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје.

Постдипломски студии учел во Загреб, а бил и на специјалистички студии во Париз. Во 1974 година бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност.

Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ. Луан Старова беше и почесен член на Академијата на науките на Албанија, член на Медитеранската Академија во Неапол и на Европската академија на науките во Салцбург.

Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди.

Академик Луан Старова ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел во 13 часот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 4 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 6 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена