Македонија
Почина актерот Бранко Гечовски-Ѓеко, еден од основачите на Драмското студио во Тетово
На 75-годишна возраст во Тетово почина Бранко Гечовски-Ѓеко, кој целиот живот го помина како актер во Драмското студио во Тетово. Тој половина век настапуваше пред публиката на тетовскиот аматерски театар и претставите кои со децении ги изведуваше заедно со актерите од Драмското студио.
-Ѓеко е дел од актерската екипа која уште во 60-тите години го основа Драмското студио пред да биде изграден Домот на култура „Иљо Антески-Смок“. Групата актери настапуваа во кино „19 Ноември“ , а потоа и во Домот на култура, предводени од режисерот Ацо Костоски-Гуштер. Настапуваше се до 2018 година на манифестацијата „И глумците поа“, информираа од Драмското студио Тетово.
Гечовски беше погребан вчера во Тетово.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник