Поврзи се со нас

Вести

Почина балканската музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ

Објавено

на

Српските медиуми попладнево пренесуваат информација дека од компликации предизвикани од ковид, почина легендата на екс ју музичките простори, Ѓорѓе Балашевиќ. 67-годишиот Балашевиќ беше примен на инфективната клиника во Белград со тешка пневмонија пред неколку дена.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден во Нови Сад, во семејството Јован и Вероника Балашевиќ. Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Следната година ја напушта групата и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапуваат на фестивали и снимаат неколку песни. Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓоргевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата првпат одржува концерт во Сава центарот во Белград. Во април 1984 го издава својот трет соло албум.  Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.

Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната Д-мол – една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот Марим ја… Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим.

По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудува настаните од претходната деценија.

Албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“

фото/Фејсбук фан страна Ѓ.Балашевиќ

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 2 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена