Македонија
Почина десет и пол месечно бебе од компликации на морбили – ова е четврти смртен случај
По две и пол недели лекување на компликации од мали сипаници, вчера на Клиниката за детски болести во Скопје починало десет и пол месечно бебе. Од Клиниката информираа дека детенцето имало масивна бронхопневмонија и мозочно крварење, а претходно немало хронични болести и не било вакцинирано со МРП. Ова е четврти смртен случај од компликации од морбили.
Изминатата недела биле регистрирани 110 новозаболени од мали сипаници, од кои 46 во Скопје, а 64 од други градови. Повеќе од половината се деца до четиригодишна возраст.
На Клиниката за инфективни болести од мали сипаници се лекуваат 39 пациенти од кои пет возрасни и едно дете се наоѓаат во потешка состојба.
На терен се спроведува вонредна вакцинација со МРП и важат забрани за упис на невакцинирани првачиња, како и престој во градинка на деца кои не ги примиле вакцините според календарот.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk