Спорт
Почина Едсон Арентес до Насименто – Пеле

Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арентес до Насименто, попознат како Пеле, почина на 82-годишна возраст денеска во болница во Сао Паоло.
Пеле беше легенда на бразилскиот и светскиот фудбал и предводник на една од најдобрите селекции во историјата, која со него на чело трипати го освојуваше Светското првенство – во 1958, 1962 и 1970 година. Пеле го држи рекордот како фудбалер со најмногу титули на Светските првенства, како и со најмногу постигнати голови.
Пеле во својата фудбалска кариера на 1.363 натпревари постигна 1.279 голови. Овој факт го става Бразилецот на првото место во Гинисовата книга на рекорди со најмногу голови во текот на неговата фудбалска кариера. Настапуваше за екипите на Сантош и Њујорк космос.
Во 1999 година, Меѓународниот олимписки комитет го прогласи за спортист на векот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава