Македонија
Почина истакнатиот невропсихијатар д-р Методи Чепреганов
На 86 годишна возраст по кратко боледување почина истакнатиот невропсихијатар проф. д-р Методи Чепреганов. Тажната вест ја соопштија од Неуромедика, каде познатиот специјалист беше ангажиран во последните две децении.
„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20 години.“, соопштија од установата.
Д-р Чепреганов својата кариера ја започнал во 1969 година на Клиниката за нервни и душевни болести при Медицинскиот факултет во Скопје. Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија. Објавил над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата. Учествувал на бројни европски и конгреси. Беше член на Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје како и на Невролошка асоцијација на Франција.
Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград