fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Почина легендарниот актер Шон Конери

Објавено

на

На 90 годишна возраст ноќеска почина славниот холивудски актер Шон Конери. Веста за смртта на Конери, за светските меидуми ја потврдила неговото семејство, информирајќи дека починал преку вечерта во сон додека престојувал на Бахамите.

Шкотскиот филмски великан беше најпрепознатлив по улогата на агентот 007, Џемс Бонд, но и по филмовите „Лов по црвениот октомври“, „Името на розата“ и „Недопирливите“ за која улога има добиено и Оскар. Инаку, има снимено преку 65 филмови.

На 60 годишна возраст беше прогласен за најсекси човек во светот од магазинот People, а на 69 годишна возраст го доби епитетот „Најсекси маж на векот”.

Беше прогласен за Витез на Британската империја, а неговото име го носи и еден астероид.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА:

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА ВО ЗЕМЈАВА?

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!