Спорт
Почина најсилниот меѓу фудбалерите – Синиша Михајловиќ

Познатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина денеска во Болоња на 53-годишна возраст, пренесува „Gazzetta dello Sport“.
Михајловиќ е роден во Вуковар на 20 февруари 1969 година. Првите фудбалски чекори ги направи во Борово каде ја започна сениорската кариера. Потоа следуваше трансфер во Војводина во 1988 година, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак. Две години подоцна се пресели во Рома, а во Италија го носеше дресот на Сампдорија, Лацио и Интер.
Михајловиќ остана запаметен и како голем мајстор за слободни удари, кои многупати ги користеше за да им донесе победи на своите клубови. Сеуште го држи рекордот како најдобар изведувач на слободни удари во Серија А, единствен е кој има постигнато хет-трик со погодоци од слободен удар.
Миха ја заврши играчката кариера во 2006 година, а уште тогаш стана помошник тренер во Интер. Во 2008 година започна самостојна тренерска кариера која започна и заврши во Болоња.
Ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино и на крајот се врати во Болоња.
За југословенската репрезентација одигра 63 натпревари и постигна 10 голови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава