Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 06/10/2018 | 10:28

Почина оперската дива Монсерат Кабаје

Легендарната шпанска оперска пејачка Монсерат Кабаје почина утрово на 85-годишна возраст, објавија светските медиуми. Оперската дива починала во својот дом во Барселона.

Кабаје останува запаметена како едно од најголемите оперски имиња во светот. Снимила 80 албуми и играла 90-тина улоги.

Соработуваше и со Фреди Меркјури, со кого ја снимија познатата „Барселона“, која стана и химна за летните олимписки игри во Барселона.

 

Напишете коментар

Close