Гостивар
Почина Павле Луканоски, чуварот на Галичник

На 79 годишна возраст денес почина галичанецот Павле Луканоски, кој како еден од ретките постојани жители на легендарниот Галичник, важеше за негов чувар. Тажната вест ја објави Месната заедница Галичник.
„Од деведесетите години кога трајно се враќа со живеалиште во Галичник, Павле Луканоски ќе биде тој што прв нѐ дочекува на Пеш и тој што нѐ попраќа кон дома и посакува среќен пат. Беше ведар и мудар човек, љубител на лов, но почитувач на природата, стара душа, но младешки табиет, секогаш расположен за разговор и дружба. Својата љубов и посветеност кон Галичник ја пренесе и на своите деца и внуци кои исто така својата егзистенција од големиот град ја преселија во Галичник. Тој беше и ќе остане една од легендите на Галичник, негов чувар и заштитник. Изразуваме длабоко сочуство до неговата фамилија.Нека му е светол патот кон вечноста и нека го чува Галичник од горе!“, напишаа од МЗ.
Посмртните останки на Луканоски во капелата во Ѓорче Петров, Скопје ќе бидат изложени утре, 25 декември, од 11 часот, а погребот ќе се одржи од 12 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава