Македонија
Почина реномираниот македонски поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов
На 88-годишна возраст, денеска почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов.
Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Бил член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, како и прв уредник на Блесок Поезија.
Автор е на книгите Иселеник на огинот (поезија, 1965), Ноќно растење на зборот (поезија, 1967), Каде од оваа страна (поезија, 1968), На работ од сонот (поезија, 1972), Страв (поезија, 1976), Полноќ (поезија, 1979), Нерези (поезија, 1982), Аутодафе (поезија, 1985), Феникс (поезија, сонети, 1987), Земја. Потоп (поезија, 1991), Сонување патување (книга за деца, 1991), Тој (лирска поема, 1993), Шпил 33 (поезија, 1994), Вечната бесконечната (поезија, 1996), Јас оксиморон (поезија, 1998), Ангела сонува (поезија за деца, 1998), Псалми (поезија, 2000), Апокалипса (драмска поема, 2002), Раскази за Захариј (раскази, 2004). Покрај повеќето препеви, автор е на препевот на Гилгамеш, асиро-вавилонски еп (3 изданија: 1994, 1997, 2000).
Добитник е на повеќе награди меѓу кои награда на СВП за необјавена песна (1964), „Ноемвриска награда на градот Штип“ за книгата „Иселеник на огнот“ (1965), „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата „Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), “Grand prix international” за севкупно творештво, Романија (1997), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), Македонска номинација за наградата „Балканика“ (2000), „Рациново признание“ за „Раскази за Захариј“ (2004).
-
Гостиварпред 3 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 2 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
-
Гостиварпред 2 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате