Гостивар
Починал пациент со ковид на инфективното одделение во Гостивар, бил лекуван дома десетина дена

Пациент дијагностициран со ковид на возраст од 77 години, починал вчера на инфективното одделение во Гостивар. Според информациите од раководителот на одделението, д-р Ратко Наумовски пациентот кај нив бил донесен во многу тешка состојба, а имал и коморбидитети.
„Пациентот бил лекуван 7 до 10 дена во домашни услови, а состојбата не му се подобрувала. Кај нас беше донесен со многу ниска сатурација од 49, ние ја вративме до 60-70, но цело време беше под кислород, во тешка состојба и за жал почина. Апелирам пациентите штом имаат некакви симптоми и се посомневаат дека се работи за ковид, да не чекаат, и да се обратат кај нас. Исто така, до матичните лекари да ги испраќаат на тестирање навреме, да знаеме што да преземеме.“, рече д-р Наумовски.
На инфективното одделение денес е хоспитализиран еден пациент со ковид кој, според информациите од докторот е во средно тешка општа состојба и нема примено вакцина против коронавирус.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава