Гостивар
Почит кон градителите на ХЕС Маврово, одбележани 69 години од снежната трагедија

На денешен датум се навршуваат 69 години од големата трагедија кога во огромни лавини животот го загубиле 52 лица – градители на хидроенергетскиот систем Маврово, граничари и месно население. По тој повод утрово, ХЕС Маврово организираше пригоден собир со положување на цвеќе на споменикот на загинатите градители подигнат близу браната.
„Тука сме собрани да им оддадеме почит на загинатите градители кои дадоа огромен придонес во изградбата на мавровскиот хидроенергетски систем. Од изградбата до денес мавровскиот енергетски систем континуирано се надградува и обновува и со производство на електрична енергија значително придонесува во снабдувањето со електрична енергија на сите граѓани на нашата држава. По повод трагичниот настан од 1956 година во знак на сеќавање на загинатите традиционално се одржува и Мавровскот меморијал на кој активно учество земаат натпреварувачи до повеќе европски држави.“, рече меѓу другото во своето обраќање директорот на ХЕС Маврово, Александар Левкоски.
Цвеќе на споменикот положија делегации на ХЕС Маврово, Општина Маврово Ростуше и Здружението на акцијаши од Гостивар.
Одбележувањето се заокружи со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во најсмртоносната катастрофа од лавина на југословенските простори.
Ноќта помеѓу 10 и 11 февруари, 1956 година, по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир) неколку снежни лавини се урнале врз куќи, бараки на градежници и караули при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.
Подигнатиот споменик на градителите е олицетворение на сите храбри работници што ги загубиле своите животи во лавинините. На местото има и спомен плоча на која се врежани имињата на сите загинати во оваа трагедија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди