Гостивар
Почна Галичка свадба 2023, чувар на вековни македонски традиции

Со изведување на низа обичаи и традиции, вчеравечер почна годинешното издание на манифестацијата Галичка свадба. Годинава, својата љубов според вековните галички адети ќе ја крунисаат младенците Оливер Андреевски и Елисавета Булоска.
Како што е редот, свадбата почна со редење, китење и веење на свадбарскиот бајрак, пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, а потоа продолжи со играње на свекрвино и невестинско оро, Тешкото, и обичајот на одење по вода на три чешми.
Денес наутро, манифестацијата продолжува со обичаите на канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање итн. Венчавањето на младенците во црквата Свети Петар и Павле ќе се одвива во 12 и 30 часот, а манифестацијата се заокружува со испраќање на топаните кои свекорот ги дарува со пари.
Во реализацијата на оваа културно-туристичка атракција вклучени се околу 250 луѓе: техничка поддршка, учесници, зетот и невестата, нивните фамилии, пријатели и останатите учесници во свадбата.
За време на викендов во Галичник има сообраќаен режим, каде паркирање на потегот каде што се одвива Галичката свадба и каде што се одвиваат обичаите, не е дозволено.
Галичката свадба е во организација на МЗ Галичник.
фото:МЗ Галичник
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!