Гостивар
Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар
Се проширува капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст во Гостивар. Започна изградба на нов објект на градинката „Цветови“ која се наоѓа во близина на основното училиште „Гоце Делчев“. Во објектот ќе може да престојуваат стотина дечиња.
„Секторот за образование при општина Гостивар, аплицираше и го доби овој проект од Министерството за труд и социјална политика во програмата “Проект за подобрување на социјалните услуги”, финансирана од Светската банка и веќе новата градинка со капацитет за над 100 деца почна да станува реалност.“, соопшти градоначалникот Арбен Таравари.
Во рамки на јавната установа „Детска радост“ во Гостивар актуелно функционираат градинките Пролет, Цветови, Сонце и Пчелка, со капацитет од околу 750 деца. Секоја година, се‘ повеќе расте интересот на родителите да ги запишуваат своите деца во градинките, па се создава долга листа на чекање.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар