fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Почна месецот Рамазан за верниците муслимани

Објавено

на

Верниците од муслиманска вероисповед од денес го започнуваат Рамазанскиот пост. Рамазан е свет месец за муслиманите за време на кој се верува дека рајските врати се отвораат, а вратите на пеколот се затвораат. Постот започнува од изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар) за кој период верниците се воздржуваат од храна и вода. Од пост се ослободени деца, бремени жени и болни лица.

Според Куранот, Рамазан има четири димензии: духовна, морална, солидарна и здравствена. Духовната се постигнува преку молитвата, моралната преку воздржување од лоши мисли, дела и гревови, здравствената со прочистување на организамот, додека солидарната преку помош на сиромашните.

По едномесечниот рамазански пост, доаѓа празникот Рамазан Бајрам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!