Македонија
Почна пријавување за поврат на пари за купени пчелни матици и приплоден добиток
Фармери кои набавиле пчелни матици, нерези или назимки во приодот од 1-ви јануари до 30- ти септември 2019-та година, можат да поднесат барање за финансиска поддршка по мерката „ Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар во Министерството за земјоделство.
, преку соопштение информира дека: „Mаксималната вредност на прифаливите инвестиции по корисник изнесува 600.000 денари, за оние фармери кои набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта на пчелни матици согласно Законот за сточарство. Поддршка од 6.500.000 денари по корисник ќе можат да добијат сите фармери кои набавиле педигрирани чистокрвни или хибридни свињи, нерези и назимки од увоз или од признати организации. “, информира директорот на Агенцијата за развој на земјоделието, Николче Бабовски.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на АФПЗРР, во делот e-baranje.ipardpa.gov.mk
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи: фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград