Поврзи се со нас

Вести

Почна Рамазанскиот пост за муслиманските верници

Објавено

на

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 20 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 21 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најнеопходна порака за времето во кое живееме, што Рамазан му ја пренесува на нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака, посочува тој во честитката, се рефлектира преку солидарност и милосрдие кон луѓето на кои им е потребна, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде мразен и да се биде сиромашен.

„Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните, а во срцата на луѓето буди љубов и сочувство. Пораката за зближување исто така е порака којашто ни ја пренесува овој благословен месец. Динамиката на модерното време, како и различните човечки потреби предизвикаа луѓето да се оддалечат едни од други, се оддалечат дури и најблиските членови на семејството. Преку семејните ифтари и суфири, Рамазан го обновува семејното единство, вертикално и хоризонтално. Друга многу важна порака што ни ја пренесува овој благословен месец е подигнувањето на моралот во општеството бидејќи Рамазан, го подобрува однесувањето на тој што пости со тоа што го отстранува од лошите дела, бидејќи постот не е дијета, или едноставно воздржување од храна, пијалок и страст, иако овие елементи го сочинуваат правниот аспект на валидноста на постот, но суштинската цел на постот е да го подигне моралот и побожноста на човекот“, вели тој.

Фетаи потенцира дека Рамазан во општеството ја пренесува пораката за учење, школување и образование, бидејќи во овој месец се објави величествениот Куран. Во овој аспект, Рамазан со право може да се смета за месец на науката, образованието, книгата, моливот, писмата и пишувањето. Правилното и суштинско разбирање на овој карактер на Рамазан, според Фетаи, носи придобивки не само за нас, туку и за целото човештво, бидејќи научните достигнувања не се монопол на одредени народи, туку се општи вредности од кои имаат корист сите луѓе.

„Дозволете ми, на крајот во име на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, нејзините органи и образовни и едукативни институции, како и од мое лично име, вам и на нашите сонародници кои живеат и дејствуваат во западните земји, Ви посакувам лесен пост. Нека преовладува мир насекаде во светот, љубов еден кон друг, кон нашите семејства, кон пријателите, кон соседите, но и почит и толеранција кон нашите сограѓани без разлика на етничка и верска припадност“, вели во честитката Реисул-Улема Фетаи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена