Гостивар
Почна уписот на првачиња во училиштата во Гостивар, апел да се почитува реонизацијата

Во основните училишта во текот на мај се врши упис на деца кои од септември ќе тргнат во прво одделение. Првачиња во учебната 2022/2023 г. стануваат децата родени во 2016 година, односно кои до крајот на годинава ќе имаат полни 6 години.
За запишување родителите треба да достават: извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед издадени од надлежната здравствена установа.
„Неопходно е да се почитува одлуката за реонизација, со која е определено во кое училиште детето треба да се запише, според местото на живеење. Реонизацијата се прави со цел да има порамномерна распределба на ученици во сите училишта“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче, која денес одржа состанок со директорите на гостиварските училишта.
По барање на родителот, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе полнат 6 години до 31 јануари 2023, но со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила