Гостивар
Почна вакцинацијата против грип во Гостивар, над 50 пријавени во првиот ден

Утрово започна имунизацијата на населението против сезонски грип во Гостивар, која се се спроведува во просториите на епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје. Вакцините се бесплатни за ризичните категории граѓани, кои термини добиваат со закажување преку vakcinacija.mk. Граѓаните кои не спаѓаат во ранливите групи, може да се вакцинираат на сопствен трошок.
„Бесплатна вакцина има за лицата над 65 години, хронично болни, бремени жени и деца од 6 месеци до 6 години. Освен вакцинацијата преку Мој термин, има и комерцијална вакцина за пациенти кои се заинтересирани. Може да кажеме дека интерес има, сите пријавени пациенти доаѓаат на терминот и примаат вакцина“. изјави доктор Зорица Зафироска, епидемиолог.
Периодов низ населението се шират настинки и вирози, а малку се пријавени случаи на заразени од грип.
„За сега, мал е бројот на пријавени од грип, вакцинацијата навреме почна и сметам дека тоа ќе помогне да немаме многу случаи на грип оваа сезона“, оценува д-р Зафироска.
Министерството за здравство информираше дека на државно ниво обезбедени се вкупно 60 илјади дози четиритипни вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација.
Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација, преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Лекарите нагласуваат дека вакцинацијата е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче