Поврзи се со нас

Гостивар

Почна второто полугодие – ОУ „Гоце Делчев“ конечно со нов кров

Објавено

на

По тринеделниот зимски распуст, учениците денес се вратија на училиште. Второто полугодие од оваа учебна година ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар го започна со нов покрив. Градежните активности на кровната конструкција се речиси целосно завршени. Отсега во училниците повеќе нема да тече вода, при врнежи на дожд и снег. Останато е уште да се уреди ботаничката градина, која е составен дел од проектот, но за тоа ќе се почекаат подобри временски услови.

„Второто полугодие во нашето училиште започнува во значително подобрени услови за работа. Имено, градежните работи коишто се за реконструкција на покривот се при крај, горниот дел е веќе покриен така што, оние стандардни проблеми коишто со години наназад ги имавме со протекување, веќе ги нема. Во делот на кровната градина која е предвидена со проектот, се очекува напролет да се засади зеленилото, со што целосно ќе се заокружат активностите.“, рече директорот на училиштето Сашо Шарески.

Новиот кров на училиштето е проект на Општина Гостивар и УНДП, со вкупна вредност од околу 300 илјади евра.

Во врска со стартот на второто полугодие, градоначалникот Арбен Таравари изјави дека наставата започнала навреме и во сите училишта на гостиварското подрачје е обезбедено греење. „Сите училишта имаат греење, се` е како што треба, ете и кровот на ОУ „Гоце Делчев“ е среден. Во ова полугодие планираме некои инвестиции низ училиштата кога временските услови ќе дозволат. Тоа е од она што е во наша надлежност. Инаку, остана проблемот со книгите и учениците Албанци стартуваат без учебници или со учебници кои имаат скандалозни содржини, а од друга страна Министерството пушта инспектори по училиштата во Гостивар.“, рече градоначалникот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 1 час

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 3 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 5 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 5 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 7 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 8 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 10 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 11 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена