Поврзи се со нас

Почнаа подготовките за Галичка свадба 2025, во тек е пријавување за зет и невеста

Објавено

на

  • English

Галичник летово повторно ќе биде во центарот на вниманието на македонската и пошироката јавност со уникатниот бисер на традицијата – Галичката свадба. Месната заедница соопшти дека започнаа подготовките за манифестацијата која ќе се одржува на празничниот петровденски викенд од 11 до 13 јули.

„Уште еднаш ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се дотераме во свечено свадбарско руво, ќе си накитиме бајрак и со три пушки ќе ја најавиме радоста на наште младенци кои својата љубов ќе закитат со венчавка во Галичник. И оваа година доследни на традицијата, ќе ги спасиме од заборав нашите вековни обичаи и со свадбени поворки, песна и ора и ќе направиме уште една незаборавна Галичка свадба!“, наведуваат од Месната заедница на Галичник.

Заинтересираните парови кои сакаат да ја крунисаат својата љубов на Петровден може да се пријават до 20 април.

„Испратете е-пошта на [email protected] со наслов „За избор на зет и невеста“ и раскажете ни зошто токму вие сте вистинскиот пар. Предност ќе имаат оние кои: имаат потекло од Галичник (двајцата или еден од нив), веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога, се активни членови на месната заедница, парови за кои ова ќе биде прв црковен брак.“, известуваат организаторите.

Одлуката за избор на зет и невеста на Галичка свадба 2025 ќе биде објавена најдоцна до 31 мај.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 8 часа

Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Технологијапред 12 часа

Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

Македонијапред 13 часа

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Македонијапред 16 часа

За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

Македонијапред 18 часа

Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

Гостиварпред 20 часа

Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

Гостиварпред 21 час

Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

Светпред 23 часа

Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

Видео емисиипред 2 дена

ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

Гостиварпред 4 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 5 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 6 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 8 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 10 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 1 година

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена