Поврзи се со нас

Македонија

Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“

Објавено

на

Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 46 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски.

-Опожареното возило не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски, потенцираше Бочварски.

Изразувајќи жалење за жртвите во автобуската несреќа, Бочварски посочи дека  Министерството за транспорт и врски во соработка со другите државни институции и бугарските власти максимално работи на утврдување на сите причини за настанатата несреќа.

Владата на денешната седница го задолжила Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор. Контролата и надзорот над превозот на патници и стоки во домашниот и меѓународниот патен сообраќај, потенцираше Бочварски, е надлежност на Државниот инспекторат за транспорт.

Бочварски, прецизрајќи ги надлежностите на овој ресор, повтори дека превозникот до Министерството за транспорт и врски доставил барање на 18.07.2018 година заведено под број 08-4127/1 за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Кон барањето превозникот доставил уредна документација со важечки потврди за исполнување на техничко-експлоатационите услови со еуро стандард на возилата Еуро 3 стандард и Еуро 4 стандард. Исто така, доставил и список од ПИОМ на вработени возачи во редовен работен однос. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година.

Според комплетната документација содржана во системот на Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски, превозникот до овој момент има уредна лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

-Во системот на Министерството за транспорт и врски конкретниот превозник е заведен со 4 возила кои поседуваат лиценца за превоз. Според член 11 став 1 од Законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешени и меѓународен патен сообраќај, откако ќе добие лиценца и извод од лиценца за моторно возило. По добиените информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски.

Согласно овој член од Законот, дополни ресорниот министер, превозникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, да го извести Министерството за транспорт и врски за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на условите. Бидејќи од досега добиените сознанија дека превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, врз основа на член 12 став 2 алинеја 1 од Законот за превоз во патен сообраќај, Министерството за транспорт и врски како надлежен орган, отпочна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот, рече Бочваски.

При констатиран недостаток во работењето и по предлог на Државен инспекторат за транспорт, потсети, Министерството за транспорт и врски може да ја одземе лиценцата за работа на превозникот. Министерството издава лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници како и извод од лиценца за секое возило поединечно. Возачот кој врши меѓународен превоз на патници е должен да поседува меѓународен сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.

Бочварски воедно изрази уверување дека Министерството со своите служби останува отворено за понатамошна соработка со сите институции, со цел расчистување на, потенцираше, оваа страшна несреќа која не погоди сите нас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 7 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена