Спорт
Почнува борбата за титула: Еуроникел – КК Гостивар денеска од 17 часот
После експресното испаѓање од КУП натпреварувањето во четвртфиналето од Еуроникел, екипата на КК Гостивар, денеска ја почнува борбата за најважниот трофеј во сезоната, Шампион на Македонија.
Гостиварци во четвртфиналната пресметка во завршниот Плеј-оф повторно ќе излезат на мегдан со екипата на Еуроникел. Кавадарчани поради подобриот пласман во регуларниот дел ја имаат предноста од домашен терен, оној што прв ќе стигне до две победи оди во полуфинале на подобриот од дуелот: Работнички – ТФТ Скопје.
Во меѓусебните дуели сезонава гостиварци имаат подобар резултат 2-1. Два пати ја совладаа екипата на Горан Самарџиев во регуларниот дел од првенството, загубија во дуелот во купот. И во последните пет меѓусебни пресметки „бело-сините“ имаат подобар скор од 3 победи, наспроти 2 на Еуроникел.
Натпреварот е закажан за 17 часот, поради тоа што салата „Јасмин“ во Кавадарци е пренаменета во центар за вакцинација, првиот четвртфинален дуел помеѓу овие две екипи ќе се игра во „26 април“ во Гевгелија.
Пред почеток на натпреварот ќе објавиме линк на кој може да се следи дуелот.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник