Поврзи се со нас

Спорт

Почнува плејофот во кошаркарската Евролига

Објавено

на

Со дуелите Монако – Макаби Тел Авив (20.15) и Реал Мадрид – Партизан (20.45) вечерва почнува плејофот во кошаркарската Евролига, четвртфиналните пресметки се играат во три добиени.

Утре на програмата се и Барселона – Жалгирис и Олимпиакос – Фенербахче.

Екипата на Барселона е прв фаворит за освојување на европската круна. Следат првопласираниот Олимпијакос во регуларниот дел од сезоната и големиот Реал Мадрид кој заврши трет. По водечкото трио Макаби се издвои како можен освојувач на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, а потоа следат Монако, Фенербахче, Партизан и Жалгирис.

Осум екипи се борат за четирите места кои водат во Каунас на Ф4 завршницата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена