Македонија
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип

Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.
Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, а од МЗ посочуваат дека континуирано го зголемуваат бројот на обезбедени вакцини.
Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.
На тој начин, секој граѓанин директно се регистрира за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс лицата кои ќе се пријават ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
ОД МЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог