Поврзи се со нас

Македонија

Почнува проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушерките

Објавено

на

Проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушерките и воспоставување систем за признавање на професионалните квалификации во државава (2024-2025) ќе се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, со техничка помош на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и Министерството за здравство.

Проектот е финансиран од ЕУ и ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди. На промоцијата во Скопје присуствуваа министрите за образование и за здравство, Весна Јаневска и Арбен Таравари, кои за медиумите изјавија дека медицинските сестри „се столбот на здравствениот систем“.

  • Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита, рече Јаневска, нагласувајќи дека важен аспект на проектот е воспоставувањето систем за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи.

Јаневска истакна дека здравствениот систем не може да постои без медицинските сестри, акушерките и техничарите и тој „без нивното постоење би се распаднал“.

  • Нивната стручна работа е од исклучително значење за граѓаните на секоја држава, па и на Македонија. МОН активно се вклучува во овој процес заедно со Министерството за здравство за да постигнеме што е можно поголем успех, изјави Јаневска.

Како што посочи на презентацијата, здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри.

Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици. Дел од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии.

Министерот за здравство Арбен Таравари им се заблагодари на поддржувачите на проектот со кој, рече, ќе се унапреди функционирањето на медицинскиот персонал во државава.

На новинарско прашање како Владата се справува со одлив на медицинскиот кадар во странство, министерот одговори дека тоа е тренд генерално во регионот, не само во нашата земја, и дека недостиг од кадар има насекаде во државава што потврдуваат и директори на здравствени установи во внатрешноста на земјава.

Тој очекува до крајот на годинава да биде објавен оглас за вработување на над илјада лица средномедицински персонал во јавното здравство.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 минути

Апсења во Гостивар и Скопје, кривични против 4 лица за „терористичка организација“

Светпред 37 минути

Граѓански бојкот во Хрватска поради високите цени на храната и горивата – Во Србија почнува „општа граѓанска непослушност“

Светпред 54 минути

Аеродромот во Истанбул трета година по ред најпрометен во Европа

Гостиварпред 3 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 4 часа

Магла во Гостивар и на патот кон Тетово и Скопје, бидете внимателни зад воланот

Магазинпред 16 часа

Колку долго може да се користат дрвените лажици за готвење и кога треба да се сменат?

Спортпред 18 часа

Втора победа за македонските ракометари на Светското првенство 2025

Македонијапред 20 часа

Грипот зема замав, нови 1.412 заразени за една недела

Гостиварпред 22 часа

Фатен гостиварец со украдени предмети од објект во изградба

Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена