Гостивар
Почнува уписот во средно – во гостиварските училишта над 1.900 места

Средните училишта ги отвораат вратите за полуматурантите. Денес и утре (17 и 18 јуни) се спроведува првото пријавување во јунскиот уписен рок. Полуматурантите одлучуваат каде ќе го продолжат своето образование.
Како што е наведено во конкурсот за упис во средно, при пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Во четирите средни јавни училишта во Гостивар, предвидени се вкупно 1.938 слободни места за упис на ученици во прва година. Во гимназијата има 476 места во 14 паралелки, во економското училиште – 442 места во 13 паралелки, во медицинското – 272 места во 8 паралелки и во техничкото – 748 места ученици во 22 паралелки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош