Македонија
Почнува вонреден лов на диви свињи

Поради болеста „африканска чума“ која е потврдена кај диви свињи во соседните држави, во Македонија се преземаат превентивни мерки и почнува вонреден лов на овие животни. Целта е да се намали бројот на диви свињи со што би се минимизирале шансите за појава и ширење на болеста.
Ловот ќе се одвива под определени услови и правила. Ловџиите ќе мора застреланите диви свињи да ги однесат на утврдени локации кадешто ќе се зема мостра за утврдување на присуство на вирусот на африканска свинска чума. Доколку резултатите се негативни, месото ќе може да се пушти во промет. Ако се потврди болест, тогаш застреланото животно ќе биде соодветно уништено. Ловџиите ќе треба да извадат и дозволи за влез во шумите од подрачните единици на Македонски шуми.
Според проценките, во земјава има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети на целата територија. Последниве 20 години бројот на единки е удвоен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите