Поврзи се со нас

Гостивар

Менувањето од летно на зимско сметање на времето носи ризик од стрес и депресија

Објавено

на

Ноќеска сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) ги враќаме часовниците еден час наназад. Поточно, во 3 часот после полноќ, се поместуваат на 2 часот. Со ова започнува зимското сметање на времето.

Промената на времето во западна Европа е воведено во 1970 година, поради заштеда на електрична енергија, зголемена продуктивност и поефикасен работен ден. Но, водејќи се по новите истражувања, кои го потврдиле лошото влијание на промената на времето врз луѓето, Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летно и зимско сметање на вемето, која ќе важи од 2021 година.

Преминот од летно кон зимско сметање на времето може да доведе до отклучување на депресивни растројства и психички непријатност.

Според психолозите, најранливи се вработените луѓе во активна возраст.

„Младите луѓе со динамично секојдневие и сериозна работа ќе почувствуваат голем физички и емоционален замор, ќе бидат апатични и дезориентирани. Можно е дури и најмалите проблеми во овој период да им предизвикаат силен стрес “, покажале психолошките истражувања.

Стручните лица предупредуваат дека промената на времето има огромно влијание врз чувствителните луѓе, без оглед на нивната возраст.

„Кај луѓето кои се склони да запаѓаат во депресивни и анксиозни состојби, дури и најмала промена во времето може да доведе до силен стрес, кој по околу еден месец да се претвори во дистрес. Тоа е состојба во која човек станува исклучително раздразлив, се кара со луѓето, се затвора во себе и често го злоупотребува алкохолот “, објаснуваат терапевтите.

Според нив се потребни 1-2 недели за да може нашето тело да се навикне на промените во времето.

Експертите советуваат најчувствителните да направат распоред на задачи и постојано да си наоѓаат обврски, за полесно да се справат со стресот и депресијата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Технологијапред 27 минути

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 20 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 21 час

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена