Гостивар
Подарок облека за 40 деца од социјални семејства во Гостивар за Рамазан Бајрам

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, 40 деца од социјално загрозени семејства во Гостивар ќе добијат нова облека како подарок. Акцијата ја спроведува Здружението „Топла рака“, во соработка со гостиварската локална самоуправа.
„Празниците се денови на кои сите треба да им се радуваме. Сакаме да внесеме малку радост и во семејствата коишто немаат можност да им купуваат на децата, како што е традицијата за празниците. Токму затоа решивме да ја организираме оваа акција“, рече Мимоза Лумани, претседател на Здружението.
Градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека општината секогаш дава поддршка на ваквите хуманитарни акции и излегува во пресрет за нивна реализација. „Ќе беше убаво и јас посакувам да немаше потреба од донации и помош, државата да можеше се` да обезбеди за сите деца да бидат среќни, како во нашиот град така и во целата земја. Но, за жал некои родители не можат да им го обезбедат ни основното на нивните деца. Затоа и ја поддржавме иницијативата и помагаме во нејзина реализација.“, рече градоначалникот.
Подароците до семејствата ќе бидат распределени во текот на денешиот ден.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар