Вести
Податоци за “Крајпатна стража-Горна Бањица” Гостиварско
Во близина на Гостивар, некогаш постоела и помала тврдина со стражарска кула. Изградена некаде помеѓу 3 и 4 век со почетоците на Византиското царство. Толку добро стратешки поставена што се користела наредни 1.000 години. Локалитет за кој се пронајдени повеќе докази за неговото постоење. Немa видливи остатоци од “Крајпатната стража”
Местоположба. Месноста „Градиште” лежи 1 км југозападно од Горна Бањица и 2,5 км југозападно од центарот на Гостивар. Претставува издолжен рид што се издига 160 м високо над јужниот раб на Полошкото поле. Во неговото северно подножје се крстосувале главните патишта што доаѓале од север, долж западниот и источниот раб на Полето и оттука водат на југ, кон
Кичево — Охрид и на југозапад, кон Маврово — Дебар — Струга. Од горе се контролираат тие патишта и полето многу километри далеку на север, северозапад и североисток.
Најстари остатоци. Во доцната антика околу зарамнетиот врв било изградено цврсто обѕидие од камен со малтер, во форма на овал голем 140 х 50 м (0,4 ха). Изадениот западен дел бил зајакнат со челна кула.
Во внатрешноста, во источниот дел, се наѕира низа од квадратни прос-тории всечени во карпеста почва. Наоди: многу парчиња од доцноантичка питоси и тегули, повеќе монети од доцниот 4, 5 и 6. век.
Средновековни остатоци. На западниот дел на тврдината, околу кулата, се гледаат траги од големи обновувања кои потекнувале или од 6. или од 12.—13. век. Една бакарна византиска монета — скифат од 13. век кажува дека оваа значајна стратешка позиција била користена и во доцното средновековие, како постојана или повремена стража. И во североисточното подножје, близу до старата железничка станица во Гостивар, во 1955 г. било ископано депо со 1.300 византиски монети (бакарни скифати), скриени тука на крајот од 12. или почетокот на 13. век.
Селото Г. Бањица се споменува во повеќе документи. Околу средината на 11. век византискиот цар Роман III го подарил на манастирот св. Горг кај Скопје, а тоа го потврдиле и бугарскиот владетел Константин Асен во 1265 г. и кралот Милутин српски во 1300 година во нивните грамоти. Г. Бањица е наведена и во пописните дефтери од 1452/53 и 1467/68 г. (Кравари 1989, 187). Денешното село Г. Бањица лежи на средновековната локација во североисточното подножје на Градиштето, има стари гробишта и средновековно црквиште. Малку посеверно од него бил основан манастирот Гостивар, спомнат во црковните документи од 1318 и 1343 г. Покрај манастирот постепено се ширело истоимено село, кое во пописниот дефтер од 1452/53 г. броело 88 куќи а во 1467/68 г. 108 куќи. Истото се развивало на сметка на соседната Г. Бањица, за на крајот да го достигне денешниот обем и значење како центар на Горниот Полог.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград