Поврзи се со нас

Вести

Податоци за “Тврдината Кале” Гостиварско Србиново

Објавено

на

Во близина на Гостивар, некогаш постоела тврдина доизградена околу 13 век. Локалитет за кој е многу тешко да се пронајдат повеќе детали и информации. Поради негрижа последните остатоци од тврдината биле уништени и искористени за други градби.

Местоположба. Локалитетот „Кале-Ѕвезда” лежи 2,5 км западно од Србиново. Претставува издаден и 80 м висок карпест нос (690 м н.м.), наднесен над устието на Симница во Падалишка река. Северната и североисточната страна му се речиси вертикални карпи, а лесно е пристапен преку седлото од запад и југозапад. Во источното подножје, низ речниот теснец води патот Гостивар — Кичево.

Најстари остатоци. Под средновековното обѕидие се наѕираат делови од постар, доцноантички ѕид искористен како темел и потпор на подоцнежната тврдина. Парчињата од доцноантичката грнчарија, питоси и тегули потекнуваат од првата тврдина.

Средновековни остатоци. Во доцниот среден век врз старите темели било изградено јадрото на новата тврдина. Има форма на трапез со димензии 45 х 60/23 м. Ѕидот е граден од плочест кршен камен со посен варовен малтер и има бројни дупки за скеле и сантрач, а типичен е за доцниот 13. и 14. век. На јужното чело стоела една кула, денес сосем урната. Добро запазена останала кулата на северозападниот агол, по функцијата веројатно донжон. Има димензии 13 х 8 м, а височината денес изнесува до 4 м. Има влез од јужната страна, а до влезот е потпрена и главната порта. Од цвингерот низ оваа порта се влегувало во мало предворје, а потоа во главниот двор на тврдината. Друга порта се наѕира на источниот ѕид. Долж северната страна, потпрена врз вертикални карпи, ѕидот не е сочуван.

Околу јадрото на тврдината бил изграден и еден надворешен ѕид (предѕид), оставајќи меѓупростор (цвингер) широк 12—18 м. На северозападниот агол стои добро запазена порта — обичен премин низ предѕидот широк 2,7 м. До неа, внатре, била поставена стражарска куќа. Предѕидот носи доц-носредновековни градежни белези.

Парчиња од словенски црепни, огнишна грнчарија и бројни производи исковани од железо (клинци и кламфи, ножови, врвови од стрели — тип за пробивање панцир, железна згура) упатуваат на доцниот среден век. Во источното подножје на Калето, во речниот теснец на месноста Самоков и Ковач, населението со години ископува остатоци од стари топилници (печки) и ковачници на железо. Железната руда е копана површински на падините на Ветерник, околу денешното село Железна Река и долж истоимената река која се влива во Падалишка, 5—6 км источно од Калето и Самоков. Овие остатоци потекнуваат од доцната антика и доцниот среден век.

vv

Имаме основа да заклучиме дека тврдината Ѕвезда била целосно изградена во времето на расцутот на рударството во овие краишта, во 13. или 14. век, а како државен контролен пункт над околните рудници. Таа воедно го контролирала и тогаш важниот пат од Полозите кон Кичево, во експанзионистичката политика на Србија кон југ.

Хисарот Трново е забележан во пописниот дефтер бр. 4 од 1467/68 година. Во него стои дека оваа тврдина, покрај Собри и Аргирокастро, испорачувала контингент (железо) за оружје на градот Призрен. Трново е старо село и денес лежи изместено повисоко во планината, 4 км североисточно од Србиново кое постапно го зафаќа неговиот синор. Нема сомнение дека „хисарот Трново” се однесува на калето Ѕвезда.

Дека Ѕвезда била населена и во ранотурскиот период (15. и можеби 16. век) како контрола на cи уште активните рудници на железо, укажуваат градбите на Калето. Една од нив (стамбена кула или магацин) била поставена врз урнатото чело на главниот ѕид на тврдината, со слободна ориентација која отстапува од претходната. Другата градба — стражарската куќа до источната порта, има исто така ориентација што отстапува од главниот план на тврдината и многу послабо и негрижливо е градена. Високата грамада врз западната стражарска куќа индицира, исто така една подоцнежна градежна фаза врз постарите остатоци. Овие невешти и многу послаби остатоци на обновување несомено потекнуваат од турско време.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена