Локални избори 2022
Поддршка на кандидатите на БЕСА во вториот круг, повикаа од Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците и БЕСА ќе си дадат поддршка во вториот круг на Локалните избори. Генералните секретари на Алијанса, Арбен Таравари и на БЕСА, Арианит Хоџа денес на одделни прес конференции го потврдија овој став.
„Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ. Го поздравуваме повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативa и го повторуваме нашиот конзистентен став да и нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ. Воедно продолжуваме да тврдиме дека ДУИ треба да падне од секоја власт. Се надеваме дека Движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде целосно отстранета од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство.“ истакна Таравари на пресот, кој го одржа во Гостивар.
Хоџа претходно апелираше до гласачите на нивната партија во вториот круг да ги поддржат кандидатите за градоначалници на Алијансата за Албанците.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград