Гостивар
Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Општина Гостивар ќе издвои финансиски средства за поддршка на стари занаети. На денешната седница, Советот донесе одлука за доделување по 10.000 денари на 12 стари занаетчии од гостиварското подрачје.
„Ова е една симболичен износ за старите ретки занаети за кои заклучивме дека е потребно да се поттикнат, мотивираат да ја продолжат традицијата и да ја одржат дејноста“, рече претседателот на Советот Валбон Лимани.
Одлуката беше изгласана, но сепак, како што беше образложено, за да се запазат законските одредби, парите ќе бидат исплатени по завршување на изборите.
На денешната седница на општинскиот Совет, беше усвоен и извештајот за работата на службеникот за млади во општината, при што беа презентирани реализираните активности во изминатата година, кои го опфаќаат Советот на млади. Меѓу нив беа напоменети: отворен ден, панел дискусија, студиска посета во Тирана, дебата за предизвиците и иднината на земјата, премиера на документарен филм „Гостивар град на култура и соживот“ и др.
Советот усвои и неколку точки од областа на урбанизмот и финансиите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос